Дали Playstation 5 ќе врти игри во 8K резолуција? (ВИДЕО)

Релативно долго се шират гласини за тоа дека Playsation 5 е во развој. Во претходните месеци и самиот Sony потврди дека следната генерација се подготвува на големо, а под тоа секако мислеа и на игрите за новата конзола.

На неодамна одржаната Inter Bee конференција во Токио прикажан е огромен телевизор со новата технологија и на него е прикажана најновата игра од Gran Turismo серијалот, која е планирана да се појави со новата конзола.

Она што е импресивно и фасцинирачко е дека демото е прикажано во 8K реозлуција и 120 фрејма во секунда, од што се насетува дека петтата генерација на конзолата ќе биде вистински ѕвер.

Дека во прашање е игра која ќе излезе за PS 5 потврди и самиот водач на студиото Polyphony Digital, Казунори Јамаучи, кој изјави дека играта која ја создаваат не може да ја врти PS4 Pro, туку само конзолата од следната генерација, а како дополнителен импресивен податок се забележува и тоа дека само за изработка на еден автомобил во дигитална форма се потребни дури 6 месеци.

Не сме сигурни дали е во прашање само оваа игра, која е така дизајнирана максимално да ја искористи моќта на конзолата и претставениот телевизор, или сите игри за PS5 ќе можат да се играат во 8K, бидејќи тоа секако би бил огромен скок.