Red Dead Redemption 2 можете да ја играте во мултиплеер верзија (ВИДЕО)

Играта на годината Red Dead Redemption 2 конечно се појави во мултиплеер бета верзија. Од Rockstar оваа игра ја опишуваат како еволуција на GTA, па на сите играчи им ветуваат добра забава.

Rockstar, кој ја лансираше Red Dead Online, мултиплеер верзијата ја опиша како еволуција на класичниот мултиплеер во кој ги спојува наративот и кооперативната игра на креативни и забавни начини, а ветува и непрестани надградби кои ќе ја збогатат играта.

Главен протагонист на оваа игра е Артур Морган, еден од истакнатите членови на бандата на Dutch Van der Linde.

Бета верзијата им е моментно достапна на сите играчи, а неговото тестирање нема да биде временски ограничено, кога ќе тргне, нема застанување.

На серверот играчите ќе можат да се групираат во банди од најмногу седум членови, а истовремено ќе можат да играат до 32 играчи.