Електричното возило „Антарктика“ специјално дизајнирано за Јужниот пол

Прототипот на 100 проценти електрично возило наречено „Антарктика“, чија цел е помош во експедициите на Јужниот пол, беше претставен во Монако. На официјалната презентација во Кнежевската палата, на која присуствуваше и принцот Алберт II, најавено е дека Аntarctica најпрвин ќе биде испратена на експедиција во Канада под името “Враќање на Telegraph Creek”. Тоа ќе биде првиот голем тест за „Антарктика“.

Се работи за гасеничар што го произведе компанијата од Монако, Venturi Automobiles. Канадската експедиција би требало да ја изврши на 6 и 7. март, 2019. година.

„Кога во 2009 година Антарктикот го посетија дваесетина екипажи кои се занимаваат со научни истражувања, увидов дека ниту еден од нив нема вистинско возило со кое ќе може да се возат научниците, да превезуваат потребен материјал, дури и кога се работеше за мали далечини. За тоа тогаш никој не ни размислуваше. Тоа е специфична област, но ако успееме да направиме електрични возила кои ќе ги користиме на екстремно ниски температури, ќе може да се користат и за други цели, дури и за време на војна“ изјави принцот од Монако, Алберт II за AFP.

Гасеничарот со портокалова боја е тежок два тона, а може истовремено да пренесе најмногу три лица, нивните торби и останатата опрема.

Оддалеченоста од 42 км помеѓу канадскотото езеро Deak и крајниот дел на експедицијата Telegraph Creek, возилото ќе ја поминува со брзинаа од 20 км/ч, истакнаа од компанијата.