Fortnite има рекордни 200 милиони регистрирани играчи (ВИДЕО)

Видеоиграта Fortnite стана вистински глобален феномен, иако за првпат се појави пред помалку од една година.

Компанијата Epic Games која е креатор на играта Fortnite објави статистички податоци за својата најпопуларна игра. Според компанијата, играта Fortnite има 200 милиони регистрирани играчи. Во периодот од јуни до ноември 2018. година, дури 75 милиони нови играчи регистрирале свои профили во системот. Овие бројки ја ставаат играта на ниво на Tetris, Minecraft и Grand Theft Auto 5 според бројот на корисници. Според компанијата, карактеристиките што ја направиле играта толку популарна е тоа што е бесплатна и играте против други играчи на интернет.

Fortnite е бесплатна онлајн видеоигра која се игра со играчи од целиот свет и се финансира преку продажба на валутата V-bucks преку која играчите купуваат скинови и додатоци за нивниот профил. Со оглед на тоа што секој месец излегуваат нови додатоци и изненадувања, може да се претпостави дека смртта на „Fortnite“ е многу, многу далеку.

Популарноста се зголемила со влегувањето „во игра“ на раперот Drake, кој заедно со Tyler Blevins ја играа Fortnite и забавата ја стримуваа во живо на интернет. Играта ја стримуваа на интернет платформата Twitch, a во еден момент имало преку 600.000 гледачи, што го соборило претходниот рекорд. Според информациите, Fortnite има повеќе од 80 милиони активни месечни корисници. Fortnite веќе ја освои наградата за Нова игра на годината според ESports, победувајќи ги мегапопуларните серијали Call of Duty и FIFA.