Пристигнува првата голема експанзија за Assassin’s Creed Odyssey (ВИДЕО)

После уживањето во оригиналната приказна, која нѐ одведе помеѓу Спартанците и филозофите во античка Грција, дојде време за првата голема експанзија која носи нов наратив во видеоиграта Assassin’s Creed Odyssey.

Првиот DLC наречен Legacy of the First Blade, ќе има три посебни дела, а пристигнувањето на првиот е закажан за следната недела, на 4 декември.

Останатите делови од приказната за првиот убиец кој го користел скриеното сечило пристигнуваат веќе од почетокот на наредната година, по што може да се очекува новата експанзија чија приказна ќе биде сместена на островот Атлантида.

Тоа не е единствената содржина која нѐ очекува во наредните неколку месеци, бидејќи Ubisoft подготви голем број дневни и неделни предизвици, така што наскоро може да се очекуваат повеќе митски суштества и борби во кои играчите ќе си ги тестираат силата и вештините.

Извор: B92.net