Наскоро пристигнува нова Alien игра?

Како што се приближуваме до 6. декември, датумот кога ќе биде одржана големата The Game Awards церемонија, така се зголемува бројот на гласини, што упатуваат на тоа дека не очекуваат голем број премиерни претставувања на игри.

Самиот домаќин на настанот, Џоф Кинли истакна дека не чека рекордна бројка на нови наслови, а еден од нив може да биде и новата игра Alien, бидејќи твитот за најавата на TGA 2018 го користи истиот фонт што можевме да го видиме во името на Weyland корпорацијата од филмовите.

Она што е уште поинтересно е дека пред неколку дена Fox го регистрираше името на оваа игра како Alien: Blackout, а гласини дека се работи на нова игра за познатиот ксеноморф постојат практично од почетокот на година, и врз основа на нив дознаваме дека било ангажирано студиото Cold Iron Games, кое ни ги донесе Bishock Infinite, Neverwinter и други.