Вратата на хангарот на аеродромот во Минхен има огромна дупка, од која излегува опашката на големиот патнички авион „ербас А380“.

Аеродромот немал доволно голем хангар за да смести ваков авион, па надлежните се сетиле како на креативен начин да го сместат истиот. Така направиле дупка во вратата на хангарот, низ која излегува задниот дел на леталото.

Овој авион е долг дури 73 метри, а мора да биде во хангар при постапката за одржување, поради екстремно ниските температури на кои персоналот за технички преглед не може да работи. Вратите се специјално изработени и со помош на шини тие идеално го прицврстуваат авионот.

Аеродромот во Минхен на социјалните мрежи се пошегува дека ова е нивниот идеал за совршена задница.