Game Awards донесува најголем број најави на нови игри досега (ВИДЕО)

Се уште се сеќаваме на спектакуларните трејлери на најави на игри од E3 2018, но сега дојде ред полека да се подготвиме за вториот голем светски спектакл, кој традиционално доаѓа кон крајот на годината.

Па така, и овој декември, по завршените Reboot Infogamer и Games.con саемите во регионот, ќе имаме прилика да го проследиме The Game Awards.

По обичај, освен доделувањето награди за најдобри игри во претходниот период, во текот на церемонијата премиерно ќе бидат прикажани огромен број игри, а оваа година тоа ќе биде рекордна бројка.

The Game Awards е закажан за 6. декември, а сега е прикажан и првиот тизер кој веројатно претставува нешто врзано за Death Stranding, кој дефинитивно ќе се појави со нов трејлер, а се надеваме дека ќе го видиме и датумот на излегување.