Ќе можат да се бришат испратените пораки на Facebook Messenger

Facebook Messenger наскоро ќе дозволи бришење на испратената порака, и тоа 10 минути по нејзиното испраќање.

Оваа опција е ставена меѓу белешките на 191.0 Messenger за iOS. За разлика од рокот од еден час што го дава WhatsApp за бришење на порака, 10 минути е краток период да се поправите себеси. Но, и ова е подобро отколку грешката да остане засекогаш.

Оваа опција Messenger ја најави уште во април, откако компанијата призна дека ги брише пораките испратени од извршниот директор Марк Цукерберг. Функционалноста првпат беше забележана во октомври во текот на тестирањето.

Друга новina што ја донесува Facebook е тоа што отвора своја продавница. Како што најавува компанијата, за време на претстојните празници во Америка ќе бидат отворени неколку штандови во рамките на специјалните дуќани на „Мејсис“.

Со оглед на тоа што компанијата нема речиси ниту еден физички производ, Facebook ќе ги нуди омилените брендови од Facebook и Instagram, давајќи им на купувачите опција да ги разгледуваат производите пред да се одлучат нешто да купат.