Исечоците во екранот пристигнуваат и кај смартфоните на Samsung

Еве лоши вести за оние кои мразат исечоци во екранот (notch). Еден од последните столбови во одбрана на овој сегмент, компанијата која се уште не импелемнтираше засек во своите смартфони, конечно ќе попушти и ќе го донесе годинашниот тренд во своите мобилни уреди.

На својата конференција за програмери, Samsung навести три различни дизајни за засек во екранот, кои планира да ги користи на своите уреди во иднина. Од лево надесно, на приложената фотографија, ги имаме Infinity-U, Infinity-V и Infinity-O. Ова се брендови на дисплеи кои ќе имплементираат notch.

Како што може да се види, сите три исечоци имаат облик на букви кои се користат за нивниот опис. Моделите U и V користат традиционални исечоци, кои сепак се доста помали од стандардните кои можат да се забележат кај поголемиот дел смартфони, додека O моделот има засек кој е практично отвор во екранот, но е необично поставен и не е центриран.

Новиот Infinity дисплеј (четвртиот модел на фотографијата и без буква во името) изгледа како екран без notch и рамки, каков што сите очекувавме. Овој дизајн е веројатно резервиран за идните премиум модели, додека notch дисплеите би можеле да пристигнат на телефоните од средна класа.