Глобалната објава на Huawei EMUI 9.0 почнува од 10. ноември

Huawei објави дека најновата верзија на корисничкиот интерфејс EmUI 9.0 прилагоден на Android ќе почне да се испорачува на девет телефони од 10. ноември. EMUI 9.0 е базиран на оперативниот систем Android 9.0 Pie, а покрај бројните нови функции кои ги имплементираше Google, ги содржи и новите функции како што се GPU Turbo 2.0, HiVision визуелното пребарување, Password Vault, Digital Balance dashboard и друго. EMUI 9.0 пристигнува и со функции базирани на вештачка интелигенција (AI).

Телефоните, кои ќе почнат да го добиваат EMUI 9.0 ажурирањето од 10. ноември ги вклучува моделите: Huawei P20, P20 Pro, Mate 10, Mate 10 Pro, Mate 10 Porsche Design, Mate RS Porsche Design, Honor 10, Honor View 10 и Honor Play. Изворите сугерираат дека објавата на софтверот ќе биде глобална.