Xiaomi ги претстави бежичните слушалки AirDots

Компанијата Xiaomi е позната по своите едноставни и достапни додатоци, како и по своите смартфони, а сега ги претстави безжичните слушалки AirDots, кои се слични на AirPods слушалките на Apple.

AirDots  слушалките во Кина чинат околу 29 долари и ги имаат воглавно истите функции како и слушалките на Apple, вклучувајќи ги контролите на допир и компактното куќиште за полнење. За разлика од AirPods, AirDots слушалките имаат силиконски врвови кои би можеле да осигураат подобра звучна изолација. Тие исто така поддржуваат Bluetooth 5.0.

Сепак, тешко е да се верува дека AirDots ќе понудат ист квалитет на звукот и перформанси како и AirPods слушалките.

Oppo O-Free безжичните слушалки чинат 100 долари и пружаат најслично искуство на она кое го овозможуваат слушалките на Apple.

Цените на безжичните слушалки се во пад, па нема да биде изненадување доколку наскоро бидат пратечка опрема на смартфоните. Xiaomi претходно оваа година претстави безжичен полнач кој чини 15 долари и тој сега е во пакувањето, кое го добиваат купувачите на смартфонот Mi Mix 3.