Основачот на интернетот: Време е Google и Facebook да бидат уништени

Основачот на интернетот Тим Бернерс-Ли смета дека порано или подоцна мора да биде урнат монополот на технолошките гиганти Google и Facebook.

 – Неприкосновеноста на Google и Facebook е поголема од онаа на повеќето држави. Тие станаа толку доминантни, па време е да бидат уништени- изјави експертот по информатички науки.

Скандалозноста на овие компании го достигна врвот со случајот со злоупотреба на милиони лични податоци поврзани со фирмата Кембриџ Аналитика. Основачот на глобалната мрежа е прилично незадоволен од неа, зашто „во моментов е загубено секакво чувство за лична безбедност“.

Бернерс-Ли натаму истакна дека социјалните мрежи се најголем извор на омраза, „а против тоа не може да се бориме“, нагласи тој категорично.

– Доколку пуштите капка љубов на Twitter, ништо нема да се случи, но пуштете капка омраза, и таа ќе се рашири за миг – посочи Бернерс-Ли.

Професорот на Технолошкиот институт при Универзитетот на Масачусетс и на Оксфорд, Тим Бернерс-Ли во 1989 година ги изработи протоколите, по кои и ден денешен функционира интернетот.