Нови хакерски напади на графичките процесори кои се опасни по приватноста на корисниците

Компјутерски научници при Универзитетот во Калифорнија, Риверсајд за прв пат откриле колку лесно хакерите можат да ја искористат графичката процесорска единица на компјутерот, или графичкиот процесор, за да ја шпионираат веб-активноста на корисникот, потоа да украдат лозинки и да пробиваат во апликациите базирани на облак.

Научниците направиле обратен инженеринг на графички процесор на NVIDIA за да демонстрираат три напади врз графиката и компјутерскиот стек, како и преку нив. Групата смета дека ова се првите пријавени генерални странични канални напади врз графичките процесори, пишува Science Daily.

Сите три напади бараат од жртвата најпрво да инсталира малвер програма вградена во преземената апликација. Оваа програма е дизајнирана да го шпионира компјутерот на жртвата.

Веб-прелистувачите користат процесори за да направат графики на десктоп компјутерите, лаптопите и паметните телефони. Графичките процесори исто така се користат и за забрзување на апликациите базирани на облак и центрите за податоци. На тој начин, веб-графиката може да ги открие корисничките информации и веб активности, додава Science Daily.