Hot Wheels автомобили во играта Forza Motorsport 7 (ВИДЕО)

Доколку ја играте видеоиграта Forza Motorsport 7, веќе од утре, 6. ноември можете да ја очекувате новата бесплатна колекција на автомобили.

Се работи за Hot Wheels Anniversary Pack колекцијата која содржи вкупно седум автомобили, од кои најстар е моделот Volkswagen Beetle од 1963 година. Ако може да се суди според промотивното видео, легендарната „буба“ има импресивно забрзување и ќе биде еден од најзабавните автомобили во играта. Тука е и златниот Chevrolet Camaro SS (1969) кој има два V8 мотори со суперполнач, додека Chevrolet Corvette ZR-1 (1970) доаѓа во боите на знамето на САД, има сина каросерија, црвени линии и бели ѕвезди.

Ford Mustang (2005) поседува голем заден сплитер, страничен дифузер и спојлер. Bone Shaker (2011) потсетува на класичен hot rod, но напред има прикачено огромен череп. Rip Rod (2017) е комбинација од естетиките на класичен hot rod и баги.

Bone Shaker, Rip Road и Twin Mill исто така се приклучуваат во новата флота на автомобили во играта „Event Horizon 4“ во наредните неколку недели. Играчите ќе можат да ги отклучат преку предизвикот Season Event во самата игра.

Освен автомобилите, играчите ќе добијат и можност да одберат нови костуми, кои ќе мораат да ги отклучат преку предизвиците во играта. Црната 50th Anniversary Driver Gear опрема е подарок за сите играчи.

Извор: Klix.ba