Хард-дисковите од 100 TB ќе станат стандард до 2025. година?

Американската компанија Seagate планира да ја искористи топлината за да ја зголеми густината на хард дисковите. Тоа ќе го постигне со технологија наречена HAMR (Heat-assisted Magnetic Recording), која овозможува изработка на дискови со многу поголема густина од традиционалниот метод PMR (Perpendicular Magnetic Recording).

Ова ќе ја зголеми вкупната густина и капацитетот за складирање на дисковите. Топлината се користи за креирање главни области на дискот, со подобра рецепција на магнетни ефекти, што исто така овозможува на помали области да добијат запис.

Другите производители, како Western Digital, се надеваат дека помало зголемување на густината ќе постигнат со поинаков метод – MAMR (Microwave-assisted Magnetic Recording).

Seagate очекува првите HAMR дискови да ги испорача во 2020 година, а тие ќе имаат капацитет од 20 TB. Оваа компанија има планови до 2022 година, дисковите со капацитет од 36 TB да станат реалност, додека за 2023 и 2024 година планирани се дискови од 48 TB кои би биле стандард.

Американската компанија се надева дека доколку се оди по планот, до 2025 година, реалност ќе станат и дисковите со капацитет од 100 TB.

Извор: B92.net