Почина вистинскиот Супер Марио

Марио Сегал, човекот по кого беше именуван протагонистот Супер Марио, почина на почетокот на оваа недела во Вашингтон.

Сегал беше успешен италијанско-американски инвеститор во недвижнини кој живееше во главниот град на САД.

Во текот на осумдесетите години од минатиот век Марио Сегал го закупи деловниот простор на Nintendo во САД, а раководството на компанијата реши да ја именува нивната нова видеоигра во негова чест.

Првобитната идеја беше играта да биде наречена „Jumpman“, но Минору Аракава, кој беше задолжен за работата на Nintendo во САД, му соопшти на Сегал дека главниот лик и играта ќе бидат наречени по него. Сегал подоцна често зборуваше како видеоиграта успеала да го промени лошиот имиџ кој го следел со години.

„Super Mario“ е една од најпознатите франшизи на видеоигри на сите времиња, а нејзиното најново продолжение „Super Mario Odyssey“ е продадено во 12 милиони примероци и е најпродаваната видеоигра на Nintendo платформата.

Извор: B92.net