Apple претстави нов MacBook Air со ретина дисплеј (ВИДЕО)

Компанијата Apple денеска го врати во живот својот најпопуларен лаптоп MacBook Air и претстави нов модел со ретина екранот.

Освен ретина дисплејот, новиот MacBook Air има за 50 проценти потенки рамки и дизајн сличен на 12-инчниот MacBook, со поодбри компоненти. Доби 13,3-инчен екран, два USB-C порта и 3,5 мм влез за слушалки. Тежок е само 1,24 кг и поседува Touch ID за логирање и истиот Т2 процесор, кој го имаше и минатогодишниот MacBook Pro и iMac Pro. Меѓутоа, му недостасува TouchBar, што ќе израдува некои купувачи на Mac, кои го сметаат за непотребен.

Уредот поседува осма генерација на процесор Gen Intel dual-core со интегрирана графичка картичка, максимум 16GB RAM и 1,5TB внатрешна меморија. Основниот модел со 8GB RAM, 1,6 GHz Core 15 и 128GB внатрешна меморија е произведен од 100% рециклиран алуминиум и е достапен во продажба уште денеска по цена од 1,199 американски долари.