Тетрисот би можел да биде решението за преоптоварениот ум

Препознатливата видео игра Тетрис неодамна била искористена во еден неодамнешен експеримент за да создаде состојба на “проток” (flow) – термин кој од страна на психолозите се користи за да се опише состојба на умот, кога го заборавате остатокот од светот и времето ви поминува побрзо, пишува Science Daily.

Истражувачот при Универзитот на Калифорнија – Риверсајд, Кејт Свини и нејзиниот тим, откриле дека состојбата на совршено “исклучување“ од светот може да го подобри емоционалното непријатно искуство кога сте во исчекување на некоја неизвесна вест.

Со играњето тетрис може да се заменат активности како што се искачување по карпи, столарство, играње шах или пливање, рекла Свини.

“Доколку сте во состојба да постигнете “проток“, тоа носи бенефиции. И видео игрите се совршени за постигнување на “проток“, се додека станува збор за игра која одговара и помалку ги подобрува вештините на играчот“, додала Свини.