Во единствената потрага можат да учествуваат сите граѓани кои треба да се регистрираат преку веб страницата www.sakamiPhoneXs.mk

Македонски Телеком го најавува почетокот на една од највозбудливите и креативни потраги со која корисниците треба да го пронајдат најновиот и неодолив iPhone Xs. Во уникатната потрага по iPhone Xs можат да учествуваат сите граѓани кои прво ќе треба да се регистрираат преку веб страницата www.sakamiPhoneXs.mk.

Регистрирањето е преку Фејсбук профил и започнува од денеска, а ќе трае до четврток, 25 октомври до 9:00 часот. Сите оние коишто ќе се регистрираат, секој момент ќе можат да го следат одбројувањето до почетокот на потрагата. Повеќе информации за правилата заинтересираните граѓани може да најдат на www.sakamiPhoneXs.mk.

Долгоочекуваниот iPhone Xs пристигнува во земјава наскоро и ќе им биде на дофат само на најупорните и најснаодливите учесници во потрагата. Победникот од потрагата ќе го добие телефонот на 26 октомври, на денот кога започнува официјалната продажба на овој телефон во Македонија и ќе биде првиот што ќе го има новиот iPhone Xs кај нас. Станува збор за телефон којшто е брилијантен, располага со сосема нов голем OLED екран со Super Retina – најнапредниот во индустријата. Има уште побрза Face ID функција, како и најпаметен и најмоќен чип што досега воопшто го имал смартфон. Да не го заборавиме и револуционерниот систем на камери. Едноставно, прекрасен е како и да се гледа. Затоа, вклучете се во уникатната и возбудлива потрага по iPhone Xs и очекувајте добра забава!