Електрично такси од Лондон доби дозвола за употреба во Париз

Ново електрично лондонско такси сега може да превезува патници на улиците во Париз, одлучија француските власти.

Французите дадоа зелено светло за електрично лондонско такси, кое компанијата London Electric Vehicle Company го произведува во Ковентри во Британија.

Таксито под назив TX еCITY се рекламира како „најнапредното електрично такси на светот“, па се движи со помош на електричен мотор и мал бензински мотор кој се активира кога ќе се испразнат батериите.

Погледнете како изгледа првото електрично такси на улиците во Париз.

Извор: Klix.ba