Google ќе почне да им наплаќа на производителите на Android уреди

Google објави дека нема повеќе да бара од производителите на мобилни уреди во Европа да ги инсталираат апликациите на компанијата доколку сакаат да го користат Android. Од друга страна, компаниите ќе мора да му плаќаат на Google ако сакаат да ги инсталираат своите апликации.

Промената е резултат на контролите од страна на регулаторите на ЕУ кои веруваат дека Google може да ја злоупотреби својата доминантна позиција на пазарот и да ги наметнува своите услуги на сметка на конкуренцијата. Ова доведе и до рекордна парична казна за Google ова лето. За да избегне понатамошни парични казни, Google треба да ја промени својата политика во ЕУ.

Компанијата вели дека новиот режим ќе стапи на сила на 29. октомври. Токаш ќе бидат објавени цените за лиценци за апликациите. Според информации на весникот The New York Times, Google планира да нуди пакет на апликации кој ги вклучува Gmail, Google Maps, YouTube и продавницата за апликации Google Play.

Компаниите ќе можат да избираат само одредени апликации за плаќање и инсталирање на нивните уреди. Самиот Android ќе продолжи да се дистрибуира бесплатно. Идејата е дека производителите ќе можат да направат свој избор на апликации за однапред да ги инсталираат на нивните уреди.