Microsoft ја купува Obsidian Entertainment

Во последните 15 години компанијата Obisidian Entertainment се здоби со култен статус во индустријата на видео игрите и се прослави со игри како што се Fallout: New Vegas, Pillars of Eternity, Alpha Protocol, но и многу други, па така што сега н е чудно што за неа пројави интерес и една од најмоќните компании на светот – Microsoft.

Според анонимни извори, Microsoft е во разговори со челниците на Obsidian, при што се споменува дека речиси 90 проценти од преговорите се завршени и дека наскоро ќе биде постигнат договор, пишува Play.

Се уште нема официјална потврда за ова, но постои голема веројатност дека информациите се веродостојни, бидејќи Microsoft постојано е во потрага за нови квалитетни студија со кои би ја проширила својата екслузивна понуда на игри, а најдобро за ова говори и фактот што летото компанијата и купи и популарните студија Ninja Theory и Undead Labs.