Microsoft воведе open-source стратегија на 60.000 свои патенти

Microsoft објави дека се придружува на Open Invention Network, open-source патент група посветена да ја штити linux платформата од тужби, а при тој процес 60,000 патенти на Microsoft беа направени open-source.

Ова претставува изненадување за многу членови на ИТ заедницата, бидејќи Microsoft досега безмилосно ги штитеше своите патенти.

Но, сега компанијата сака да го промени својот углед, и да покаже поголема достапност.