Samsung го претстави Galaxy A9, првиот смартфон со четири задни камери (ВИДЕО + ФОТО)

Galaxy A9 го красат иновативна задна четрикратна камера, долготрајна батерија и нови моќни функции за неверојатни перформанси

Од нашиот известувач од Милано
НИКОЛА БУРАГЕВ

Компанијата Samsung денеска во Милано го одржа својот настан на кој главна ѕвезда беше новиот смартфон од семејството Galaxy, а тоа е моделот А9. Samsung благодарение на Galaxy A9 стана првата компанија на светот која има паметен телефон со четири камери на задната страна.

А9 во секој случај е смартфон што ќе ги задоволи и потребите на најпребирливите корисници, a со оглед на споменатите четири камери и иновативната Clear & Bright технологија на камерата, јасно е дека посебно е фокусиран на фантастичните фотографии. Поради тоа, посебно ќе им биде привлечен на авантуристите кои сакаат своите искуства да ги делат со другите.

A9 е навистина елегантен телефон чие куќиште е изработено од метал, додека задната страна е направена од стакло. Смартфонот поседува 6,3-инчен Full HD екран со резолуција од 2.220 х 1080 пиксели.

Исто така, квалитетот на селфи камерата од 24 мегапиксели нема да разочара. Ќе ви допушти да го контролирате светлото и да направите совршено селфи. Од Samsung истакнаа дека четирите леќи овозможуваат креирање на фотографии со подобар оптички зум и поширока експозиција на сликата, како и ultra-wide панорами.

Од Samsung потсетија и на нодамнешиот Galaxy A7 кој беше првиот паметен телефон со три задни камери, а кој веќе може да се набави по цена од 349 евра, додека новиот Galaxy A9 ќе почне да се продава во Европа кон средината на ноември, а ќе чини 599 евра.

Иновативната задна камера со четири објективи им овозможува на корисниците без напори да креираат динамични фотографии.

  • Двојниот оптички зум овозможува детални фотографии од близу, дури и кога се креирани од поголема далечина.
  • Ултра Широкиот објектив овозможува креирање на професионални фотографии со помош на опцијата оптимизација на сцена. Со помош на функцијата за препознавање на сцени преку вештачка интелигенција, камерата сега е попаметна – може да го идентификува субјектот и да ги прилагоди поставките соодветно во истиот момент за да креира најдобра можна фотографија.

  • Со објективот за длабочина може рачно да се постави длабочината на полето на фотографијата и фокусот на субјектите што помага за неверојатни фотографии кои изгледаат како да се фотографирани од професионалец.
  • Со главниот објектив од 24MP фотографиите се јасни и живописни и при услови на јака осветленост и при низок степен на осветленост, во било кој период од денот.

Од останатите спецификации го издвојуваме процесорот Snapdragon 660, 6 GB RAM и 128 GB интерна меморија која може да се прошири и до 512 GB по пат на microSD картичка. Батеријата со капацитет од 3,800mAh овозможува живот без ограничувања и уживање во долготрајните перформанси на Галакси А9.

Дизајнирани за да го олеснат секојдневното функционирање, функциите на Галакси А9 како што се “Bixby“, “Samsung Pay“ и “Samsung Health“ им овозможуваат на корисниците да користат низа поволности кои Галакси А9 ги нуди, а се однесуваат на можноста на истовремено извршување на задачи, меѓу кои и “App Pair“.

Продолжувајќи ја традицијата на Самсунг во однос на првокласниот дизајн, новиот Галакси А9 е достапен во три уникатни бои: црна, сина и розева, со елегантен ергономски дизајн кој совршено се вклопува во една рака и 3Д заоблено стакло на задната страна за врвен квалитет и удобност.