Sony потврди дека работи на нова Playstation конзола

По големиот број на мали тизери и делимични информации, Sony конечно реши да потврди дека компанијата работи на новата Playstation 5 конзола. Сепак, тие не го направија тоа на официјален начин, и се уште не го открија ново име на конзолата.

Извршниот директор на компанијата, Кеничиро Јошида за Financial Times потврдил дека веќе се работи на наследникот на Playstation 4, и според неговите зборови, основната архитектура на конзолата ќе биде слична.

Ова претставува и дефинитивна потврда нека во Sony се подготвува нешто ново во однос на хардверот, а останува да се види како ќе изгледа PS5, какви спецификации ќе има и кога ќе биде достапна за гејмерите.