Microsoft ја зголеми цената на Windows 10 Home за 40 проценти

Microsoft веќе почна да го дистрибуира Windows 10 October 2018 ажурирањето за компатибилни уреди. Ажурирањето е една од најдискутираните теми во индустријата во последниве денови.

Вниманието на потрошувачите, сепак е фокусирано не толку на новите функции, туку врз неочекуван проблем со Windows 10 October 2018 Update. Многу луѓе се пожалија дека инсталацијата неочекувано брише некои од датотеките на компјутерите. Компанијата ја потврди грешката и увери дека го отстранила проблемот.

Повеќето корисници не плаќаат лиценца за Windows 10, бидејќи купуваат нови уреди, кои се продаваат во пакет верзија на софтверот. Сепак, има многу луѓе кои добиваат физички примероци од оперативниот систем. Западните медиуми истакнуваат дека доколку некој размислувал да купи Windows 10 Home, треба да знае дека Мајкрософт ја зголеми цената за лиценца, без да објави официјално информации, со која ќе ги информираат своите клиенти. Во моментов, Windows 10 Home може да се купи за 139 долари, објави „mspoweruser“.

Досега официјалната лиценца за овој производ чинеше 99,99 долари. Во оваа фаза, не е познато што е причината за ова ненадејно зголемување. Во моментов, синџирите на мало продолжуваат да ги продаваат Windows 10 Home по стара цена, но ситуацијата најверојатно ќе се промени наскоро. Корисниците тогаш ќе мора да платат 130 долари за да го користат оперативниот систем на нивните уреди. Поскапувањето е за 40 отсто и ќе влијае на големите трговци.