Facebook ја лансираше Messenger Lite за iOS во Турција

Messenger Lite на Facebook стана достапна во претходните неколку години меѓутоа само за корисниците на Android. TechCrunch сега објави дека компанијата лансирала верзија за iOS, но веројатно се уште нема да можете да ја употреувате, бидејќи Facebook ја направил достапна исклучиво за корисниците во Турција.

Апликацијата беше забележана од страна на аналитичката фирма Sensor Tower, која исто така го откри и фактот дека таа е достапна само во Турција.

Оваа апликацја, која пред се е погодна за постари модели на телефони кои работат на поспори мрежи, изнесува само 5MB за разлика од стандардната верзија која е речиси 140MB. Исто така се спомнува и дека апликацијата се инсталира брзо и функционира беспрекорно. Исто така, таа им овозможува на корисниците нормална комуникација или групна, како и испраќање на слики, видеа и линкови.

Првичните критики на App Store забележуваат дека статус функцијата во апликацијата што покажува кога еден корисник е активен е изоставена.

Иако засега е достапна само за турскиот пазар, таа поддржува 27 јазици, што значи дека најверојатно се работи на нејзиното целосно објавување.