Насилните видео игри ја зголемуваат агресијата кај децата

Насилните видео игри кои ги играат адолесцентите е поврзана со зголемувањето на физичката агресија со текот на времето, покажала најновата анализа на Дартмут, пренесува Science Daily.

Иако повеќето истражувачи на оваа тема се согласни дека играњето насилни видео игри ја зголемува физичката агресија, малкумина научници продолжуваат да ја оспоруваат оваа теорија.

Во најновото истражување, научниците при Дартмут спровеле мета-анализа на 24 студии од целиот свет, спроведени во периодот од 2010 до 2017 година, а во која учествувале над 17 илјади учесници на возраст од 9 до 19 години.

Студиите разгледувале како насилните видео игри влијаат врз промените во физичка агресија со текот на времето, во периоди од три месеци до четири години. Примери за физичка агресија вклучуваат инциденти како што се удирање на некого или пак тепачка помеѓу учениците, и се засновани на извештаи кои се направени од страна на самите деца, родители, наставници и врсници.

Во прилог на доказите дека насилните видео игри се поврзани со зголемената агресија, студијата исто така покажува дека овој ефект е значително различен кај различните етнички групи: најголемиот ефект бил забележан кај белите учесници, одреден ефект е забележан помеѓу Азијците, а кај припадниците на хиспанската заедница, пак, воопшто немало ефект.

Според ова, авторите на мета-анализата сугерираат дека ефектот може да го отсликува и различното ниво на емпатија кон жртвите на агресија помеѓу источните и хиспанските култури, за разлика од нивото на “силниот индивидуализм“, кое преовладува во западните култури.