Повеќе од 700 милиони компјутери работат на Windows 10

Microsoft продолжува да се потпира на агресивна стратегија за промовирање на Windows  10 помеѓу корисниците. Компанијата потврди дека платформата веќе се користи од над 700 милиони компјутери. Тоа е следниот чекор во постигнувањето на амбициозната цел за над една милијарда луѓе, кои работат со Windows 10 низ целиот свет.

Во ноември 2017 година, бројот на луѓе кои работеле со Windows 10 беше околу 600 милиони, а беа потребни 11 месеци за да достигне бројка од 700 милиони корисници. Првичната цел на Microsoft беше да надмине една милијарда во првите три години од премиерата на платформата. Стратегијата на компанијата да стимулира повеќе луѓе да користат Windows 10 е поврзана и со прекинот на поддршката за Windows 7, која во моментов е најпопуларната верзија на оперативниот систем.

Microsoft ќе престане со софтверски ажурирања за Windows 7 во 2020 година. Тие мерки треба дополнително да ја зголемат популарноста на Windows 10 и постепено да го претворат во единствениот оперативен систем поддржан од Microsoft.