Се појави видеоигра за Брегзит (ВИДЕО)

Замислете дека сте дел од Брегзит. Ова е веќе достапно за кој било Европеец што ќе ја набави новата видеоигра, која го симулира животот по излегувањето на Велика Британија од Европската Унија.

Играчите од земјите членки на ЕУ по подолго време ќе видат како изгледа протерување од некоја држава, пасошки контроли, повеќе бариери…

Авторите сметаат дека нема ништо лошо во тоа – во гејмерството да се  внесе и политика.