Технологија на Google овозможува стриминг на игри во Chrome (ВИДЕО)

Google официјално ја претстави својата технологија за стриминг на игри, која досега беше позната под името Yeti. Системот се вика Project Stream и им овозможува на корисниците да се забавуваат со стриминг на видео од игри во прозорецот на прелистувачот Chrome, a првиот наслов е Assassin’s Creed Odyssey, кој излегува овој петок.

На 5 октомври компанијата ќе лансира бета тестови со ограничен број на корисници, кои ќе можат да ги испробаат играта целосно бесплатно во својот компјутер за периодот на тестовите.

Засега се бараат само луѓето што живеат во САД, чија интернет конекција е 25Mbps или повеќе. Слични технологии не се нови и на пазарот веќе има неколку функционални решенија, а главната предност е дека им овозможуваат на корисниците со компјутери со скромен хардвер да играат „потешки“ игри на графички план.