LG го претстави еден од најевтините 4K HDR монитори

Цената на HDR мониторите наменети за гејмерите константно опаѓа, а сега LG го претстави еден од најевтините.

Се работи за моделот на LG 32UK550-B со 4K резолуција (3840 x 2160 пиксели) со HDR 10 поддршка, а прикажува 95 одсто DCI-P3 спектар на бои и ја поддржува FreeSync технологијата на AMD до 60 херци. Исто така, новиот монитор на LG поддржува повеќе од милијарда бои и фабрички е калибриран, а чини помалку од 500 долари. Засега е достапен само во Јапонија, но се очекува и на северноамериканскиот и европскиот пазар.

Мониторот користи VA, а не IPS панел, па не треба да се очекува фантастичен агол на гледање. IPS мониторите на LG се поскапи, а моделот 32UD99-W, 32-инчниот 4K IPS монитор чини двојно повеќе, односно 1000 долари.