Aуди“ во САД го претстави својот прв целосно електричен теренски автомобил „Е-трон“ за којшто медиумите низ светот пишуваат дека ќе ги „изеде возилата на ‘Тесла’.“

Првиот теренец на електричен погон на „Ауди“ кој сега е сопственост на „Фолксваген“ дебитираше синоќа во Сан Франциско. Возилото има погон на сите четири тркала и се движи со два електрични мотора (предниот има 125 киловати, а задниот 140, што е еднакво со 350 коњски сили вкупно). Опремен е со литиум-јонска батерија од 95 киловати.

„Е-трон“ може да мине над 400 километри со полна батерија. Наменет е главно за градски превоз и наликува на серијата „Ауди Ку”, а ќе чини 74.800 долари или повеќе. На пазарот се очекува да се појави во средината на идната година.

Инаку, и „Јагуар Ленд ровер“ минатата недела го претстави својот прв целосно електричен теренец – „Јануар Ај-пејс“ којшто на американскиот пазар ќе се појави есенва, со почетна цена од 69.500 долари