Sony ќе ја продава конзолата PlayStation Classic со 20 игри (ВИДЕО)

Компанијата Sony тргнува по стапките на Nintendo и по 25 години повторно ќе ја продава минијатурната конзола наречена PlayStation Classic, по примерот на својата прва конзола.

Конзолата ќе се најде на пазарот на 3. декември, а ќе чини 99,99 евра. Она што е интересно е дека ќе пристигне со 20 инсталирани игри, вклучувајќи ги Final Fantasy VII, Tekken 3 и Ridg Racer Type 4.

Со минијатурната конзола доаѓаат и два класични PS1 џојстици за игри кои поддржуваат мултиплеер. Целосната листа на игри во кои ќе можат да уживаат купувачите се уште не е објавена.

Во соопштението на Sony е наведено дека на листата на игри ќе се најдат игрите Jumping Flash и Wild Arms.