Samsung ќе ја укине Galaxy J серијата смартфони

Јужнокорејската компанија ќе ја претвори A-серијата во своја водечка понуда од средната класа.

Samsung има намера да ја отстрани серијата на среднобуџетските телефони Galaxy J од пазарот и да се насочи кон претворање на Galaxy A серијата во своја водечка понуда од средната класа.

Новиот смартфон од оваа серија се очекува да биде претставен на медиумски настан на 11. октомври. Ова поедноставување на каталогот на производите, секако, ќе помогне да се олесни корисничката ориентација и насочувањето на ресурсите на Samsung на попрофитабилен начин.

Покрај овој чекор, компанијата ќе преземе ребрендирање на серијата стартер уреди Galaxy ON кон Galaxy M. Така палетата на смартфони на Samsung ќе стане прилично јасна: Galaxy S е највисока класа,  Galaxy A е просечна класа, а Galaxy M ќе бидат нискобуџетските телефони.