Renault, Nissan и Mitsubishi ќе го вклучат Android во своите автомобили

Google склучи партнерство со Renault, Nissan и Mitsubishi, според кое технолошкиот гигант ќе го обезбеди својот Android оперативен систем за трите производители на автомобили, пишува CNN.

Трите компании, од 2021 година во своите автомобили ќе инсталираат Google Maps, Google Play Store и Google Assistant.

Производите на Google ќе бидат ставени во возилата каде што добар дел од корисниците го поминуваат своето време од денот, правејќи повици, користејќи разни медиуми и праќајќи пораки. Возачите исто така ќе можат да ги користат истите апликации и алатки што ги имаат на своите паметни телефони.

Google веќе има вложено повеќе од една милијарда долари во Waymo, подружнцата на својата матичната компанија Alphabet, чијашто дејност е развивање на самоуправувачки системи за автомобили.