Samsung има варијанта на Galaxy S10 со пет камери

Според најновите информации од корејските медиуми, Samsung има барем една варијанта на Galaxy S10, којa ќе биде опремена со пет камери.

Извори на ITNEWS тврдат дека уредот ќе биде со тројна главна камера и двојна камера за селфи фотографии. Во случај оваа гласина да се потврди, тоа ќе биде првиот телефон на Samsung со тројна главна камера.

Треба да се има предвид дека оваа конфигурација нема да е единствената за идниот предводник на корејскиот гигант. Очекувањата се Samsung да претстави три различни варијанти на Galaxy S10 во почетокот на следната година.

Две од нив ќе бидат директни наследници на сегашната генерација на серијата S со тројна главна камера, а третата ќе биде поевтин модел со малку послаб хардвер и двојна камера на задниот панел.

Двата поевтини модела најверојатно ќе бидат со единечна предна камера.