Како да го спасите смартфонот ако ви падне во вода

Мобилните телефони неретко ни се мократ, некогаш од дожд, кога ќе паднат во вода, ќе истурите вода врз нив.

Експертите имаат неколку совети за да го спасите мобилниот телефон кој ви паднал во вода, а најважно е да регирате брзо. Веднаш извадете го телефонот од вода и прво исклучете го за да не се направи краток спој. Извадете ги батеријата и сим картичката и исушете ги сите делови со хартија. На овој начин ќе ги сочувате контактите од сим картичката.

Користете правосмукалка за да ја извлечете течноста која можеби останала во телефонот. Телефонот ќе биде сув за  околу 30 минути. Правосмукалката држете ја на одредена оддалеченост за да избегнете статички електрицитет кој може да го оштети телефонот.

Не го сушете мобилниот со фен за коса. Ова е голема грешка, оти фенот само ја става водата подлабоко во телефонот наместо да ја извлекува. Водата допира до електронските делови од телефонот и ги оштетува. Ставете го телефонот во кеса со ориз, оти оризот ќе ја апсорбира преостаната влага. На крај ставете го телефонот на сонце. Држете среќа кога ќе го вклучите да работи.