Mozilla ќе го интегрира Google Translate во Firefox

Mozilla Firefox е популарен прелистувач кој нуди прилично интересна функционалност и е посакуван избор за милиони корисници. Повеќето луѓе кои го користат тоа дури и не знаат дека веб прелистувачот нуди опција за автоматски да преведува текст во страниците што ги посетуваме. Инструментот за кој станува збор е стандардно блокиран, а можете да го најдете само ако пребарувате во менито за поставувања на Mozilla Firefox. Првично, компанијата користеше Bing Translate за да ја преведе саканата содржина.

Откако ќе отворите веб-страница со текст на странски јазик, ќе видите известување на екранот каде што можете да одберете да го започнете преводот со кликнување на копчето „Translate“ или откажете со „Not Now“. Во горниот десен агол постои копче со дополнителни опции за да се прилагоди начинот на кој работи оваа алатка. Mozilla Firefox 41 понуди поддршка за Yandex Translate, но голем број проблеми не дозволија оваа функција да стане популарна, пренесе ghacks.net.

Многу наскоро ситуацијата ќе се промени, бидејќи Mozzilla веќе работи на поддршка на Google Translate во веб-прелистувачот. Во моментов тоа е можно само во „Nightly“ каналот на прелистувачот и е потребно време пред да се отстранат различни проблеми при автоматскиот превод со Google Translate. Информациите, сепак потврдуваат дека наскоро корисниците ќе имаат како да ги користат алгоритмите на Google Translate, за да вршат преводи на странски јазици, додека сурфате на интернет со Моzilla Firefox.