На светскиот технолошки саем IFA 2018, Honor Play доби девет “Best of IFA 2018” признанија од едни од најдобрите технолошки медиуми: Android Headlines, Digital Trends, Pocket-lint, T3, Ubergizmo, Gear Diary, Geek Spin, Talk Android и Technobuffalo.

Од Android Headlines ги пофалија врвните перформанси и импресивната цена на Honor Play, додека пак Digital Trends го препознаа квалитетот на графиката и паметната AI камера.

Најголемите пофалби Honor Play ги доби за графичките перформанси, одличниот екран, брзиот процесор, дизајнот и слично, а покрај овие признанија, Honor Play доби шест препораки од најдобрите технолошки медиуми.

„Горди сме на силната поддршка на медиумите на целиот пазар. Honor Play на младите им го нуди тоа што навистина го сакаат од својот паметен телефон, а тоа е искуство на непрекинато играње и забава. Ова признание потврдува дека Honor Play го носи “Game On” моментот кој што индустријата го чекаше“, изјави Џорџ Жао, претседател на Honor.

Honor Play е телефон од средна класа, меѓутоа може да се пофали со фантастични перформанси. Опремен е со “GPU Turbo” технологијата за обработка на графиката која што овозможува одлични графички перформанси при играње на видео игри и мала потрошувачка на енергија. Honor Play има 6,3-инчен FullView екран и батерија со капацитет од 3,750 mAh која што поддржува најмалку 4,5 часа играње.

Овој гејминг телефон на Honor се продава по цена од околу 329 евра, или околу 20 илјади денари.

Извор: Zimo.hr