Microsoft најави Surface настан за 2. октомври

Компанијата Microsoft планира да одржи конференција за новинари во Њујорк следниот месец.

Microsoft ги испрати поканите барајќи од новинарите “момент од животот”, а медиумскиот настан ќе биоде одржан на 2. октомври. Фокусот е најновиот хардвер, софтвер и услуги. Постоеја гласини за Andromeda уред со два екрана, но сепак не се очекува негово претставување на овој настан.

Наместо тоа, настанот веројатно ќе послужи за подобрените верзии на уреди од семејството Surface. Компанијата работи на голем редизајн на Surface Pro, но овој уред нема да се појави до следната година. Наместо тоа, веројатно ќе видиме подобрени верзии на Surface Pro и Surface лаптопите со најновите процесори на Intel. Поминаа две години откако Microdoft првобитно го претстави својот Surface Studio, па овој комплетен компјутер е зрел за освежување.