Новиот трејлер за Fallout 76 покажува употреба на нуклеарки (ВИДЕО)

Шармот на видеоигрите од серијалот Fallout почнува уште со нивните трејлери, кои се прикажани како мини анимирани филмови со стил на анимација инспириран од 50-те години од минатиот век, наместо со снимки од гејмплејот на играта.

Во овој нов трејлер може да се види еден од новитетите кои ни беа ветени уште одамна – собирање кодови и активирање на нуклеарни бомби.

Fallout 76 излегува на 13 ноември, но бета верзијата од оваа видеоигра ќе биде достапна еден месец претходно.

Извор: B92.net