Гејмплеј за играта на годината Cyberpunk 2077 (ВИДЕО)

Креаторите на видео играта “Witcher 3: Wild Hunt” ги воодушевија обожавателите со најавата и претставувањето на трејлерот за новата игра која се нарекувa “Cyberpunk 2077”.

Како што можете и самите да сфатите од насловот, станува збор за игра која се случува во блиска иднина. Видео играта ќе им овозможи на играчите да ги костимизираат и унапредат своите ликови, додека го истражуваат масивниот свет во иднината. Секако, зад сето тоа се крие интересна и интригантна приказна која ќе ви го одвлекува вниманието со денови и која ќе ви обезбеди часови и часови одлична игра. 

Приказната го следи ликот кој се нарекува “V” и кој живее во измислениот град наречен “Night City” во Калифорнија. Играта ќе биде од отворен тип што значи дека играчите ќе можат да одат каде што сакаат и да прават што сакаат, како што беше случајот и со “Witcher”. На огромната мапа се наоѓаат 6 различни области кои можете да ги посетувате и во кои ќе имате различни главни и споредни мисии.

На интернет се појави и првиот демо гејмплеј кој прикажува 46 минути од оваа феноменална игра. Многумина останаа изненадени што играчите се во прво, а не во трето лице, но ние сметаме дека тоа е добра промена и дека играта на овој начин ќе биде побрза и поинтересна.

Точниот датум на објавување на оваа игра се уште не е познат, но се знае дека таа ќе биде достапна на конзолите PS4 и Xbox One, како и на PC платформите.