Новиот WiFi рутер на TP-Link е гејминг чудовиште

Компанијата TP-Link го откри својот најмоќен гејминг рутер досега. The Archer C5400X доаѓа со 1.8 GHz 64-bit quad-core CPU, 3 ко-процесори и 1 GB RAM за да може да постигне WiFi брзини до 5400 Mbps на 2.4 GHz (1000 Mbps) и два 5 GHz (2167 Mbps).

Содржи и три WiFi појаси, осум Gigabit LAN порта и едн Gigabit WAN порта. Со други зборови, овој рутер претставува супербрзо чудовиште, а дури и изгледот со осумте антени го прави да изгледа така, што значи овој рутер не е за да го ставите позади телевизорот.

Овој рутер може да го купите на Amazon, Newegg, Fry’s Electronics и Micro Center за 400 долари.