Хрватска наскоро ќе го добие првиот хируршки систем

Во современата медицина се повеќе оперативни зафати вршат роботите, а Хрватска наскоро, со помош на неповратни средства иод ЕУ фондови, треба да го добие првиот хируршки роботски систем во KBC во Загреб, на кој ќе оперираат и хирурзи од други болници и ќе се едуцираат младите лекари.

Во KBC во Загреб се основа Национален роботски центар, кој би требало да почне со работа напролет идната година. Роботот чини околу 2 милиони евра, а пред шест месеци за набавка на роботот беа обезбедени средства од ЕУ фондови, пишува. Системот треба да биде испорачан во рок од шест месеци.

Од Министерството за здравство велат дека со помош на роботот денес најмногу се оперираат карциноми на простата, но и сите тумори во стомакот и во градниот кош, како и гинеколошки операции. Денес во САД, на пример, со роботски системи се вршат речиси 90% од заболените од рак на простата, кој е еден од најчестите карциноми кај мажите.

Извор: Klix.ba