Новиот трејлер за Hitman 2 ги носи играчите во Колумбија

Играта Hitman 2 ќе се појави во ноември, што значи дека се уште претстојат уште многу нови детали пред планираното претставување на играта. Најновиот трејлер за играта ги води играчите во густите џунгли на Колумбија, што претставува освежувачка промена во однос на првиот дел од серијалот.

Џунглата ќе биде преполна со опасности, највеќе во вид на животни, а во зависност од тоа како се користи опкружувањето, и самиот главен лик може да биде една од заканите по потенцијалните жртви.

Колумбија е втората локација во Hitman 2, покрај Мајами, а најверојатно компанијата IO Interactive ќе претстави уште неколку нови локации, заедно со оние коишто се појавија во првиот дел. Играта излегува на 13 ноември, за PC, PS4 и Xbox One.