Веб страни за преземање видеа од YouTube најголема закана за музичката индустрија

Интернет-страниците за симнување содржини од YouTube се најголемата закана за глобалната музичка индустрија, вели The Independent.

Веб-сајтовите ви дозволуваат да претворите или конвертирате видеа од YouTube во MP3 датотека, која потоа може лесно да се користи на мобилни телефони, компјутери или други уреди.

Страниците за конвертирање и преземање на содржини од YouTube, според The Independent, привлекуваат милиони посетители, а проценките велат дека во Велика Британија овој начин на преземање најмногу го користат младите од 16 до 24 години.

Меѓутоа, една третина постари од оваа возраст исто така ја презема музиката од платформата на Google. Други платформи, како што се DailyMotion, SoundCloud и Vimeo, исто така се на удар од нелегални сајтови за преземање содржини, но YouTube е далеку најбараниот.

Организациите што ги претставуваат компаниите од музичката индустрија во Соединетите Американски Држави и Обединетото Кралство започнаа уште во 2016 година со законска битка против ваквите веб-сајтови, кои ги нарекуваат пиратски, а првите резултати се веќе видливи.

Веб-страницата на MP3Fiber беше принудена да затвори на почетокот на неделата по правниот притисок, но таа се уште е во функција.

Десетици сајтови кои нудат слични услуги остануваат и натаму активни и се лесно достапни преку Google, чиј пребарувач обезбедува повеќе од 100 милиони резултати за терминот “YouTube MP3 конвертор”. YouTube дури има и видео содржини кои објаснуваат како да ги конвертирате своите содржини во mp3 а потоа и да преземете.

Британската фонографска индустрија (БПИ) е една од оние организации кои се обидуваат да ги избришат овие нелегални сајтови од Интернет и да ја поттикнат употребата на легални музички видеа.