Компанијата Samsung во рамки на прес-конференцијата која ја одржа на ИФА 2018 во Берлин го претстави новиот “Q900R QLED 8K“ телевизор со “8K AI“ зголемување на резолуцијата. Достапен во четири ултра-големи различни димензии на екранот (65”, 75”, 82” и 85”), Самсунг QLED 8K телевизорот ќе има неколку 8К подобрувања, вклучувајќи QLR8K, Real 8К резолуција и “8К Quantum” процесор, сите создадени за да ja доведат 8К сликата во живот. Новиот Самсунг “QLED 8K“ ТВ екран ќе биде достапен во продавниците од крајот на септември оваа година.

“QLED 8K“ моделот на Самсунг, со “8K AI“ зголемување на резолуцијата, е дел од долгорочната визија на Компанијата за воведување на 8К резолуција како единствена на пазарот која нуди најпрецизна и најточна слика на екранот.

Ние во Самсунг неуморно работевме во текот на годинита за да ја придвижиме индустријата напред кога станува збор за премиум квалитет на сликата, а воведувањто на нашиот „QLED 8K“  со „8K AI“ зголемување на резолуција е дел од иднината на дигиталните екрани. Возбудени сме да го претставиме новиот „Q900R“ на потрошувачите и воедно сме убедени дека тие нема да доживеат ништо помалку од слика во јасна и брилијантна боја како и одличен звук на нашите нови 8K модели.“- изјави Јонгсук Чу (Jongsuk Chu), Сениор Потпретседател на Бизнисот со Визуелни Екрани во Компанијата Самсунг Електроникс.

За да се постигне слика со “8K“ квалитет, Самсунг “Q900R” нуди реална 8К резолуција со 4000 нити највисоко ниво на осветленост – стандард кој го исполнуваат поголемиот дел од филмските студија низ светот. Оваа функција овозможува телевизорот да произведе четири пати повеќе пиксели од обичен “4К UHD“ телевизор, и 16 пати повеќе пиксели од “FHD“ телевизор. “Q HDR 8K“ моделот надополнет со “HDR 10 +“ технологијата, ги оптимизира нивоата на осветленост на телевизорот и произведува беспрекорни бои и слики. Оваа технологија е вградена со цел сликата да биде доловена онака како што би изгледала во живо. Патентираната “8К AI“ технологија на Самсунг е базирана на вештачка интелегенција и е исто така опремена со квалитетна слика и звук кои се компатибилни со „8К“ без оглед на нивниот оригинален формат и квалитет. Без разлика дали корисникот гледа содржина преку “стриминг“ услугата, “set top box“, “HDMI” или “USB” приклучок, “8K Quantum“ процесорот секогаш ќе ја препознае и зголеми резолуцијата и истата ќе се прикаже во “8K” квалитет. Дополнително, “Q900R“ моделот вклучува “Direct Full Array Elite“ функција за подобрен контраст и прецизна контрола на позадинската светлина, како и 100% Волумен на Бојата (Color Volume), овозможувајќи им на корисниците да ги воочат милионите нијанси на бои со најголема и најчиста прецизност на боја видена до сега.

Фокусирајќи се на корисниците, “Q900R” моделот нуди широк спектар на нови функции кои овозможуваат поинакво коистење на ТВ екраните и највисок квалитет на сликата и тонот. На пример, телевизорот препознава и анализира голем борј уреди за забава, како што се аудио уредите поврзани преку оптички кабел со “One Remote”, притоа одбирајќи  најсоодветен извор на ТВ слика и аудио аутпут за оптимизирано искуство при гледањето на содржини.