Доколку верувате во фотографијата што се појавува на интернет, Apple’s Watch Series 4 носи голема промена во дизајнот.

Новиот Apple Watch има екран кој се протега речиси од едниот до другиот раб, но неговото тело се чини потенко. Поголем екран значи дека има повеќе простор за прикажување на уште повеќе информации.

Исто така, има промени во начинот на прикажување на информациите на екранот, и се чини дека часовникот сега има дополнителна дупка за микрофон на десната страна, како и странично копче што се вклопува во телото. Целиот часовник изгледа потенко, но се чини дека е компатибилен со претходните ремчиња.

Новиот Watch ќе биде претставен на 12 септември, а Apple веќе испрати покани за настанот кој се очекува да бидат претствени и три нови iPhone-и, а можеби и подобрен iPad.